Фармацевтите се здравствени работници кои имаат улога во снабдувањето со лекови на пациентите. Тие ги подготвуваат и издаваат лековите кои ги препишува лекар, исто така издаваат и лекови за кои не е потребен рецепт од лекар. Фармацевтот објаснува за што служи лекот, како делува, што да очекувате кога ќе го употребите лекот и на што да внимавате. Доколку имате нејаснотии поврзани со вашата терапија или здравствена состојба, фармацевтите може да ве упатат давајќи ви одговор.

Фармацевтите својата улога во општеството ја остваруваат во болничките аптеки, клиничките центри и аптеките. Тие го стекнуваат своето знаење на Фармацевтскиот факултет, што им овозможува познавање на биохемиските механизми преку кои лековите делуваат, правилната употреба на лековите, улога на терапијата, несаканите ефекти, потенцијалните интеракции со други лекови и храна, како и следење на одредени параметри.
Коментари
* Е-поштата нема да биде објавена на веб-страницата.
I BUILT MY SITE FOR FREE USING