Вашиот фармацевт = специјалист за вашата терапија

  • Ги толкува интеракциите помеѓу лековите

фармацевтот ги бара сите можни интеракции не само на лековите туку и сите други препарати кои ги употребувате како што се хербални продукти, додатоци во исхрана, затоа бидете сигурни дека вашиот фармацевт знае што се земате.

  • Советува за препишаните лекови

Фармацевтот дава совети за начинот на употреба и се што треба да знаете за вашиот лек кој го препишува лекарот, и одоговара на вашите прашања, затоа прашувајте.

  • Информациите за лекот ги објаснува на разбирлив начин

Има информации за лековите кои не мора да ги знаете, затоа фармацевтот го издвојува она што е важно да го знаете, како да го употребувате лекот, кога да очекувате резултати и што да направите ако се појави некој несакан ефект.

  • Совети за имунизација

Фармацевтите може да ве информираат за начините и важноста на имунизацијата со цел да се зачува јавното здравје

  • Советување за лекови кои може да се подигнат без лекарски рецепт

фармацевтите ќе ви дадат препорака и совет за начинот на третирање на симптомите на настинка, менаџирање на одредена болка, справување со симптоми на некоја полесна состојба и слично. Доколку фармацевтот смета дека имате потреба да посетите лекар, ќе ви го соопшти тоа.

  • Ги менаџираат хроничните заболувања

Дијабет, висок крвен притисок, висок холестерол...фармацевтите ги знаат начините на третирање на овие состојби и се важен дел од вашето успешно справување со овие состојби. Фармацевтот знае како делува лекот што го препишал вашиот лекар, што да очекувате од него, ќе ви ја посочи важноста на придржувањето кон терапијата и советите.

  • Употребата на лекови ја прават полесна

Фармацевтот умее да направи полесни стратегии како да не заборавите да ја земете вашата терапија, го менаџира времето за земање на истата, прилагодувајќи ја на вашите навики. Се што треба е да се придржувате до тој план.

  • Учи постојано

Ги следи научните откритија, новините во медицината и терапиите, со тоа прави третманите да бидат поефикасни.

  • Ги потврдува, проверува, подготвува и ги издава вашите лекови

фармацевтот ги контролира лековите кои ви се препишани, проверува дали тоа е правиот лек за вас, какво е дозирањето и ви дава инструкции со цел максимално да се извлече ефектот од лекот.

  • Следење на вашата состојба

Фармацевтите може да го следат вашиот крвен притисок, нивото на шеќер во крвта, нивото на маснотии, состојбата на кожата...да ви дадат совети за промена на начинот на живот или каде да се обратите доколку е тоа потребно.

  • Доколку имате потреба, фармацевтот може да ве советува и за промена на вашиот животен стил со цел подобрување на одредена состојба.
Коментари
* Е-поштата нема да биде објавена на веб-страницата.
I BUILT MY SITE FOR FREE USING