Ова е нов пристап во процесот на имунизација
mRNA вакцининте се нов вид вакцини со кои се штитиме од одредени заразни заболувања.
Со цел да се предизвика имунолошки одговор, најголемиот дел од вакцините досега кои ни се познати користат ослабени или инактивирани инфекти, кои ги внесуваме во нашето тело. Со mRNA е поинаку. Наместо тоа, тие ги учат нашите клетки како да направат протеин, односно дел од протеин кој започнува имунолошка реакција во нашето тело. Тој имун одговор, кој произведува антитела е она што не штити да се инфицираме доколку дојдеме во контакт со вистинскиот вирус.
Да погледнеме одблизу како функционира mRNA
КОВИД – 19 mRNA вакцината, на нашите клетки им дава информација како да прозведат дел од протеин кој е целосно безбеден за нас. Тој е оној „spike protein“.
Овој протеин се наоѓа на површината на корона вирусот.
Вакцината се прима преку интрамускулна апликација во горниот дел од раката.
Откако ќе навлезе во мускулните клетки, тие добиваат информација, односно инструкции (таа информација ја носи messenger RNA или mRNA која се користи во вакцината) како да го создадат протеинот.
Откако протеинот ќе биде создаден од нашите клетки, истите тие клетки ја разложуваат оваа RNA нишка и се ослободуваат од неа.
RNA молекулата не навлегува во јадрото на клетката и нема никаква интеракција со нашата ДНК, целата оваа реакција се случува во клеточниот простор наречен цитоплазма.
Следен чекор е тоа што клетките овој протеин го поставуваат на својата површина.
Нашиот имун систем препознава дека тој протеин не припаѓа таму, со што започнуваат низа реакции со цел да се создадат имуни клетки односно антитела со кои организмот ќе се брани.
Ова е веќе познато, истата имунолошка реакција е случува кога едно лице ќе се зарази со корона вирусот.
На крајот од овој процес, нашиот организам научил како да се одбрани при следен контакт со овој вирус.
Бенефитот на вакцината, како и на секоја друга вакцина, е тоа што се избегнуваат сериозните последици кои може да настанат при вистинско заразување.
mRNA вакцината ќе има ригорозни проценки за безбедноста. Оваа вакцина подлежи на истите ригорозни стандарди за ефективност и безбедност (https://www.fda.gov/media/139638/download) како и сите други вакцини во САД. Агенцијата за храна и лекови или FDA во САД одобрува вакцина која во целост ги исполнува овие стандарди.
mRNA вакцините се нови но не и непознати
До сега во САД нема одобрено ваков тип на вакцина, но истражувања на ваков тип вакцини се прават веќе неколку декади. Интересот за ваков тип вакцини е голем, затоа што се прават од лесно достапен и безбеден материјал. Ова значи дека производствениот процес може да биде стандардизиран (идентичен начин на изработка во било која лабараторија) и производството на вакцини го чини побрзо од досегашниот начин на создавање вакцина.
Досега ваков тип на вакцини биле истражувани за заштита од грип, зика, беснило и цитомегаловирус.
Откако се истражи во целост градбата на корона вирусот, научниците започнаа со создавање на mRNA вакцина за да се запре ширењето на овој вирус.
Оваа технологија се користи и за истражување и создавање на лекови кои би се користеле при третман на разни видови канцер.
Несакани ефекти на mRNA вакцината
Оваа мала молекула која ја носи пораката во нашата клетка, е сместена во липидна обвивка (истите липиди кои ги имаме и ние во нашите клетки ). Во однос на составот, не се употребуваат други додатни супстанци кои имаат несакани ефекти врз нашето здравје. Досегашните испитувања, докажаа дека овој тип на вакцини имаат голема ефикасност и безбедност, со благи до средни несакани реакции, кои се должат на имунолошкиот одговор на организмот, како што се покачена температура, омалаксаност, мускулна болка, болка во зглобовите, главоболка. Здравствените работници, веќе се едуцираат, како да не насочуваат, што да очекуваме и како да се справиме при појава на некој од овие несакани реакции.
Извор:
https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0264410X19305626