Накратко за температурата

Покчената температура е непријатна, но интересен е фактот дека кога нашето тело ја зголемува телесната температура, всушност се бори со инфектот кој сака да не нападне.


Вирусите првично застануваат на нашите слузокожи (окото, носот, грлото, цревата итн) и полека навлегува во крвниот систем, со што нашиот имун систем почнува да ослободува молекули карактеристични за воспалителна реакција, кои всушност ја зголемуваат температурата на телото. 


Едната причина за ова е телото да создаде непријана средина за вирусот, буквално да го „свари“, другата е да му даде сигнал на одбранбениот систем да почне да создава специфични клетки за борба.


Знаејќи го ова, високата температура не би требало да ја сметаме за непријател, напротив, треба да и дозволиме да го активира нашиот имун систем.


Препораките за земање на лекови кои ја намалуваат телесната температура се со цел да не дехидрира организмот, затоа што тој лесно ја губи водата од клетките при покачена температура, заради честите потења. 


Но за да не дојде до тоа, треба свесно, доколку сме во можност да внесуваме течности и електролити, да заборавиме на обврските неколку дена, да легнеме и да му дозволиме на организмот да се справи со инфектот.


Доколку температурата надмине 39 степени целзиусови, трае повеќе од 72 часа, имате други хронични заболувања или проблеми со имуниот одговор, секогаш консултирајте се со својот лекар за начинот на справување со вашата состојба.

Не се обидувајте да ја „спречите“ настинката со прерано земање на лекови кои се лесно достапни, а наменети за намалување на симптомите на грип и настинка.


Не се обидувајте болни да одите на работа од две причини, едната е дека му ја одземате енергијата на вашето тело да се справи со инфектот, на тоа следи намален имунитет за следниот пат, а другата причина е ширење на заразата и кај другите вработени и/или клиенти.


Можете да земате додатоци кои би му дале дополнителна енергија на организмот, чаеви, избалансирана исхрана и одмор.


Останете информирани и здрави.


Мој фармацевт.

Коментари
* Е-поштата нема да биде објавена на веб-страницата.
I BUILT MY SITE FOR FREE USING