Магнезиумот е еден од најважните минерали во организмот.
Одговорен е за повеќе од 300 метаболни реакции како создавање на енергија, регулација на крвниот притисок, пренос на нервни сигнали, контракција на мускулите и многу други.
Дефецит на магнезиум може да доведе до дијабет тип 2, заболувања на срцето, нарушување на расположението, мигрена и многу други состојби.
Најзастапен е во зелениот листест зеленчук, легуминозите, јатките, семињата.
Внесот на суплементи со магнезиум е зголемен во последните неколку години. Поради големиот избор на разни видови магнезиум, ќе наведеме неколку факти кои се важни за да може да го изберете соодветниот додаток со магнезиум.
Магнезиум цитрат
Истражувањата покажуваат дека оваа форма на магнезиум најдобро се искористува од страна на организмот, што значи најдобро се абсорбира во дигестивниот тракт.
Има благ лаксативен ефект.
Магнезиум оксид
Според истражувањата има мала абсорпција во дигестивниот тракт, и најчесто се користи за третирање на констипација, зголемено лачење на киселини и слично. Оваа форма на магнезиум не е соодветна за да го надомести недостатокот на организмот од овој минерал.
Магнезиум хлорид
Лесно абсорбирлива форма на магнезиум, која се користи да се надомести недостатокот на магнезиум на организмот, како и за олеснување на симптомите на дигестивниот систем, како консипација и хиперацидитет. Често може да ви биде препорачана форма магнезиум карбонат, кој под дејство на желудочната киселина би преминал во магнезиум хлорид.
Секако дека постојат уште многу видови магнезиум во додатоците кои може да ги најдете во нашите аптеки, но ова се најчесто употребуваните форми на магнезиум.
Бидете внимателни со дозите на магнезиум и доколку користите:
Алендронска киселина, лек за сотеопороза, одделете го магнезиумот од овој лек барем два часа
Антибиотици, тетрациклини. Доколку употребувате антибиотици, земајте го магнезиумот два часа пред или 4-6 часа по антибиотикот.
Диуретици, лекови наменети за излачување на течности низ бубрезите, најчесто препишувани за намалување на крвниот притисок, дозата на магнезиум прилагодете ја заедно со вашиот лекар.
Инхибитори на протонска пумпа, како есомепразол, пантопразол, лансопразол и слични, го намалуваат нивото на магнезиум во крвта. Би требало да се испита конентрацијата на овој минерал доколку подолго време употребувате ваков тип на лекови.
За правилно, свесно да се одбере вистинскиот додаток, потребно е да се направт мерења на концентрациите на минералите во организмот и да ја знаат вашиот фармацевт или лекар вашата целосна терапија.
Звучи сложено и збунувачки, но пред се е совесно и заслужува конуслтација пред употреба на било каков додаток.
Специјалисти за вашата терапија, се вашите фармацевти.
Останете информирани и здрави.