На 9 ти Септември 2020 година, по шест месечна пауза, повтоно се отвораат вратите на градинките, за еден месец подоцна да се отворат и училишните врати за нашите најмили.
Светот како и нашата држава, се уште се наоѓа во пандемија, властите, институциите, наставниците, воспитувачите, сите се вклучени во изнаоѓање безбеден начин нашите најмили да продолжат со своите активности, со најмала можност да го загрозат своето здравје како и здравјето на своите најблиски.
Сите имаме улога во овој процес. Најдобро би било секој да ја превземе својата одговорност најдобро што може, секој да го даде своето учество, за да излеземе од оваа ситуација што поскоро, со најмали можни штетни ефекти.
Овде би сакала да ја издвојам улогата на родителите во оддржување на безбедна средина во училиштата и градинките:
Наутро проверете дали вашето дете има некој од долунаведените симптоми:
зголемена телесна температура, потешкотии со дишењето, болка во грлото, болка при голтање, затнат или растечен нос, чувство на изнемоштеност, гадење, повраќање, дијареа, ненадеен губиток на аптетитот, губење на чувството за вкус и мирис, болки во мускулите и /или зглобовите, главоболка и конјуктивит.
Децата, учениците, родителите/старателите не треба да влегуваат во училиштата или градинките доколку:
Се болни или имаат симптоми карактеристични за Ковид-19, биле во контакт со некој кој е болен со симптоми на кашлица и/или покачена температура, живеат со некој кој е во 14 дневна изолација затоа што бил во контакт со некој кој е суспектен или позитивен на Корона вирусот, сте патувале надвор од Македонија последните 14 дена, сте биле во контакт со некој кој патувал надвор од државата последните 14 дена и е болен.
Секогаш кога сте во можност држете растојание од 2 метри за време на оставањето или земањето на вашето дете од училиште или градинка, при интеракција со наставниците, негователите, другите родители или децата, веднаш земете ги децата доколку одговорните наставници ви јават дека не се чувствуваат добро.
Децата се враќаат во градинка и во училиште, но условите ќе бидат поинкави. Сите возрасни околу нив ќе говорат за тоа дека не треба да се блиски со своите дргарчиња, дека нешто страшно и невидливо постои надвор и дека може за миг да им го промени животот. Нивната психолошка состојба е делумно непозната за нас, незнаеме како сето тоа ќе си го замислат и како тоа ќе влијае на нивниот понатамошен живот. Затоа, следете ги нивните емоции, тие се одговор на нивната ментална состојба во моментот, имајте на ум дека за време на пандемија и психолошката поддршка е една од најважните алатки за да останеме здрави во целост. Доколку не знаете каде да се обратите, секогаш можете да се информирате, повторно кај вашиот лекар или фармацевт.
Улогата на фармацевтот е да ја едуцира јавноста за превенција и лекување од одредени состојби. Затоа, важно е и сакам да истакнам, во периодот што следи, фармацевтот ќе остане како и секогаш, здравствениот работник кој ви е најдостапен.