Што е полифармација?
Полифармација, е термин кој се употребува кога една личност зема пет или повеќе лекови секој ден.
Лековите може да помогнат во одредени медицински проблеми, но се повеќе сведочиме на појава кога се препишуваат повеќе лекови. Причината за тоа е посета на повеќе специјалисти кои препишуваат лекови за состојбата која тие ја прегледуваат, маркетинг на одредени суплементи, кои пациентите не ги наведуваат кај својот лекар дека ги користат, ниту пак при подигнување на терапијата во аптека.
Полифармацијата е повеќе застапена кај постарата популација, која најчесто е дијагностицирана со повеќе хронични состојби. Кај овие пациенти може да биде и потешко менаџирањето на правилната употреба на лековите.
Зошто полифармацијата е проблем?
Употребата на повеќе лекови во еден ден, може да наштети на повеќе начини.
Пред се мора да се внимава кои лекови колку пати во денот треба да се земат и во кој дел од денот.
Дали помеѓу некои од лековите има интеракција, кои лекови да се земат на празен стомак, кои мора по оброк.
Помеѓу кои лекови мора да има временска разлика и колкава да биде.
Најчесто поради сите овие работи кои мора да ги запомни еден пациент, за себе или за личност за која се грижи, се откажува од употреба на одреден лек без претходно да се консултира со својот лекар, а тоа може да доведе до несакан ефект, повторна посета на лекар/специјалист, зголемени трошоци.
Несоодветната употреба на лековите исто така може да доведат до одредени несакани ефекти кои бараат препишување на нова група лекови.
Сведочиме на се поголем број вакви појави кои спаѓаат во проблематиката која ширум светот се нарекува полифармација.
Па токму поради тоа, нашата препорака е постојано пациентите да прават листа на лекови кои ги земаат и начинот на кој го земаат. И секогаш кога посетуваат матичен лекар, специјалист или фармацевт, да се консултираат за начинот на употреба.
Пациентите исто така мора да знаат, дека улогата на нивниот фармацевт од доверба, е токму менаџирањето на неговите лекови, со цел да се избегнат грешки настанати при употреба на повеќе видови лекови и додатоци во исхраната.
Секогаш прашувајте и консултирајте фармацевт кога подигнувате лекови за себе или вашите најблиски.
Мој фармацевт изготвува планер, токму за ваквите состојби, верзија која ќе може да ја користат и повозрасните пациенти.