Се за настинките

Со доаѓањето на есента, се појавуваат и настинките. Тие се инфекции на горниот дел од респираторниот систем и се најчеста причина за разболување во оваа сезона кај децата и возрасните. Најчесто ги предизвикува вирус. Постојат околу 200 познати вируси кои може да предизвикаат симптоми на настинка.

Ладното време не е причината за настинување, едноставно временските услови како температурата на воздухот, подолгиот престој во затворени простории, овозможува пренос на овие вируси помеѓу луѓето, преку кашлање, кивање и допирање.

Симптоми на настинка

- Затнат или растечен нос

- Кивање

- Болка во грлото

- Кашлица

- Главоболка

- Отечени лимфни јазли

- Покачена температура (поретко)

- Можно е да се изгуби и апетитот, а понекогаш да се јави и гадење дури и повраќање


Не постои лек но симптомите може да се третираат

Парацетамол земаме доколку се појави покачена температура

Млаки и умерено топли напитоци може да ја олеснат болката во грлото

Капките за нос или спреј за нос може да помогнат при појава на затнат нос

Ориблети, таблети за лижење кои постепено се топат во устата за да ја намалат болката во грлото или да ја смират надразнителната кашлица

Дополнителен совет:

Постојат спреј форми на морска вода или солен раствор кој може да го употребувате и како деконгестант (одзатнувач) при затнат и растечен нос, воедно да ја одмивате слузницата и да ја враќате нејзината нормална функција за да може успешно да се справи со вирусот. Со оваа форма на прочистување се чисти и слузницата на грлото, се одмива насобраниот секрет, а со самото тоа не дозволувате секротот да развие секундарна инфекција или да премине во подолните дишни патишта. Овој начин на хигиена на носната слузнаица се препорачува и при алергии и сезони кога се зголемени заразите со овој вид на вируси, вклучително и корона вирусот. Секогаш може да го прашате Вашиот фармацевт за соодветниот спреј и дополнителните совети за да останете здрави.

Не користете премногу лекови

Избегнувајте ја употребата на лекови како:

Антибиотици – настинките се предизвикани од вируси, антибиотиците нема преку никаков механизам да ви помогнат да оздравете побрзо иако доста често ги препишуваат

Лекови за кашлица – кашлицата во случај на настинка се јавува порати иритација на трахеата или секретот кој се спушта од задната страна на носот. Во овој случај, повеќе би помогнале спрејовите за промивање кои претходно ги споменавме.

Комбинирани лекови за намалување на симптоми на натинка и грип – не секогаш ги имаме сите симптоми, а овие препарати се комбинација од неколку лекови, кои вам можеби и не ви се потребни. Разговарајте со вашиот фармацевт за симптомите кои ги имате и тој ќе ви препорача терапија за олеснување на истите, без притоа да ве изложи на непотребно дејство од лек кој можеби вам не ви треба.

Кога да посетите лекар

Обично симптомите на настинка поминуваат за неколку дена, НО постојат ситуации кога состојбата може да се влоши од различни причини. Консултирајте се со вашиот лекар доколку вие или вашето дете:

Одбива да пие течности

Појава на често повраќање

Интензивна главоболка

При појава на бледило и зголемена поспаност

Потешкотии при дишењето (ова е еден од карактеристичните симтоми и на корона вирусот)

Покачена температура која не се намалува при употреба на антипиртици

Не се подобрува состојбата по 48 часа

Постојат други знаци кои ве загрижуваат


Заштита од настинки

Не постои соодветна заштита, како наша препорака е редовна хигиена како на рацете така и на слузницата на горните респираторни патишта. Често проветрување на затворените простории во кои престојувате. За да ја поминете настинката побрзо и полесно, трудете се да спиете доволно, како и да водите здрав начин на живот.

Каде да се обратите за помош

Кај вашиот лекар

Кај вашиот фармацевт

Коментари
* Е-поштата нема да биде објавена на веб-страницата.
I BUILT MY SITE FOR FREE USING