Зошто промената на временските услови создава главоболки, раздразливост, вртоглавици, зголемување на интензитетот на хроничните болки?
Зошто овие денови, голем број луѓе пријавија слични симптоми, како вртоглавица, вкочанетост во пределот на грбот, болки во зглобовите?
„ Секој што сака да ја спознае медицината соодветно, мора да биде свесен за следново:
на прво место, да се согледа годишното време и кои ефекти
секое од нив ги создава, не затоа што не се слични, туку затоа што многу се разликуваат
едни од други, особено во периодите на промена. Потоа ветровите, топлото
и ладното, за секоја земја одделно, а потоа
за секоја област посебно. Исто така мораме да внимаваме и на
квалитетот на водата, затоа што се разликуваат една од друга
во вкусот и тежината, а со тоа се разликуваат и во квалитетот...“
( Хипократ, „ Воздух, вода и области“, 400 год. П.Н.Е )
Постои цела научна гранка која се занимава со изучување на влијанијата на надворешните фактори како температурата, влажноста на воздухот, воздушниот притисок, јонизацијата на воздухот и струењето на воздухот, врз живите организми.
Метеоротропизам, или нам попознат како метеоропатија, е реална состојба која се јавува како резултат на влијанието на временските услови врз нашиот организам (или било кој друг биолошки организам). При оваа состојба може да се појават ненадејни болки во зглобовите, несоница, пробеми со крвниот притисок, вртоглавици, раздразливост и слично.
Метеоропатија, потекнува од „metora“, што на грчки значи „работи високо во воздухот, или небесни појави“ и „pathos“ што значи болест, страдање, болка. Со овој термин се означува секоја патолошка состојба која на било кој начин е поврзана со временските услови како температура, влажност, притисок на воздухот и светлината во текот на деновите.
Најчести состојби се умор пропратен со несоница во периодите кога времето се менува, зголемена раздразливост кога дува ветер, чувство на депресија или тага кога врне дожд. Овие луѓе се метереопати, и нивното функционирање зависи многу од временските услови. Со истражувањата во последните години, може да се забележи дека бројот на метереопатите се зголемува, а со тоа и интересот за оваа состојба.
Метеоропатијата е синдром, кој го сочинуваат група на симптоми и патолошки реакции кои се манифестираат кога се случуваат ненадејни промени во една или повеќе метереолошки услови во одредена област. Метереолошките услови се претставени преку температура на воздухот, релативна влажност на воздухот, брзина на дување на ветрот, атмосферски притисок, дожд и грмотевици кои предизвикуваат јонизација на воздухот, електрицитет и воздушни струења. Живите организми постојано се под влијание на природни електромагнетни појави кои имаат свои фрекфенции и амплитуди. Направени се повеќе студии и за нискиот опсег на фрекфенции, кои се јавуваат при појава на грмотевици и докажан е ефект врз физичкото и емотивното тело на живите организми и човекот.
Научниците тврдат дека луѓето во средната доба, особено жените имаат поголем ризик да појават симптоми на метеоропатија, но овие промени имаат влијание и врз децата. Сепак, тие тврдат дека оваа состојба е е модерна болест и е предизвикана од модерниот начин на живот. Подолгиот прествој во затворени простории, ни оневозможува да се адаптираме на надворешните услови и не прави помалку способни да се прилагодиме на природните промени. Она што најмногу не прави чувствителни на овие промени се стресот, негативните чувства, стравот, брзиот живот, загадувањето и тн. Најчестите симптоми на метеоропатија вклучуваат: појава на депресивни чувства, емотивна и физичка слабост, хипертензија, главоболка, желба да се остане дома, зголемени болки во зглобовите и мускулите, потешкотии во дишењето, потешкотии со варење на храната, вртоглавица и слично. Овие симптоми вообичаено траат еден до два дена. Кога промените се случуваат едно по друго, овие симптоми се намалуваат како последица на обидот организмот да се адаптира.
Физички активните луѓе и оние кои поминуваат барем по неколку часа дневно надвор, не се чувствителни на промените на времето.
Како да се справиме со метеоропатијата?
Повеќе време надвор е многу важно за да се развие способноста на организмот да се прилагодува на временските промени. Само промената е константна, таа е природна појава, како во атмосферата така и во нашите животи, и што повеќе сме изложени на неа, стануваме се поотпорни.
Да најдеме начин да го сакаме ладното време и зголемената влажност на воздухот. Да се научиме да го сакаме дождот, ветрот, да сакаме да се менуваме, исто како и природата. Метереопатијата е состојба предизвикана од нашата наклонетост кон комфорот.
Оваа болст е продукт на нашето однесување и навики.
Механизмот преку кој временските услови влијаат врз нашиот организам
Ќе наведам неколку примери како одредени временски, односно атмосферски промени влијаат врз организмот, за да ни стане појасно погоре напишаното.
Сите ткива во организмот се оделени со мембрани, помеѓу ткивата постои воздушен прстор, како кај увото или синусите. При промена на атмосферскиот притисок, на пример, тој влијае врз овие мембрани при што тие се поместуваат (кога станува збор за мембрани на ткиво со помала еластичниост и отпор) и предизвикуваат чувство на болка.
Истото се случува и врз ѕидовите на површинските крвни садови, со што може да се промени и крвниот притисок, како и мембраните околу ткивата со хронични состојби, како што на пример е сврзното ткиво околу зглобовите.
И клетките имаат свои мембрани, низ кои постојано поминуваат јони со позитивен и негативен полнеж. Дали клетката е активна зависи од полнежот надвор и во неа, па со менување на електричниот полнеж на атмосферата, како при состојби на грмотевици, ветар или зголемена влажност, тогаш клетките може да станат поактивни (велиме повозбудени ) и да пренесуваат разни сигнали. Ова влијание најизразено е на површинските клетки, кои се всушност нервни завршетоци и пренесуваат сигнали до нашиот мозок.
И претходно пишавме, колку почесто сме изложени на ваков вид промени, толку повеќе, овие мембрани стануваат посилни, поотпорни и поелсатични, со што овие несакани ефекти на надворешните промени всушност стануваат неприметливи, не прават посилни, а ние учиме да уживаме во временските разлики, промените и бенефитите на времето поминато надвор од нашите комфорни домови и канцеларии.
За крај повторно ќе наведам, оваа болст е продукт на нашето однесување и навики.